Услуги

Во ПЗУ Мегамед Плус, веруваме дека прецизната дијагноза е првиот и најважниот чекор кон успешното лекување.

Нашиот пристап е темелен, посветен и ориентиран кон индивидуалните потреби на секој пациент.

За детални информации околу спецификите на прегледите и закажување на ваш термин, контактирајте нè .

Компјутерска Томографија

Компјутерската томографија е брза и исклучително прецизна дијагностичка метода која користи напредна технологија за создавање детални три-димензионални слики од внатрешноста на телото. Нашиот современ апарат овозможува детални прегледи со дози на зрачење кои се прифатени како референтни од релевантни меѓународни организации и здруженија.

Снимање на Компјутерски Томограф се препорачува во акутни состојби како што се мозочни удари и крварења, болки во граден кош, абдомен и мала карлица, воспаленија (бел дроб, слепо црево и сл.), откривање и следење на тумори на цело тело, повреди и скршеници на делови на скелетот и состојба на крвните садови. Компјутерската томографија е опција за снимање на пациенти со пејсмејкер.

Благодарение на нашиот Siemens Somatom Go Up апарат со 64 слајсови, овозможуваме исклучително кратка експозиција на зрачење, со што максимално ја штитиме безбедноста на пациентот, истовремено добивајќи дијагностички резултати со врвна резолуција.

Магнетна Резонанса

Магнетната резонанса претставува „златен стандард“ во современата дијагностика на меките ткива. Оваа најсовремена и целосно безбедна метода користи магнетно поле и радио бранови, без никакво јонизирачко зрачење.

Снимањето на Магнетна резонанца се препорачува за дијагностицирање на состојбата на меките ткива и зглобови (шака, лакт, рамо, колена, колкови), абдомен и мала карлица, мозок, р’бетен столб и р’бетен мозок.

Со прецизноста што ја нуди нашиот апарат Siemens Magnetom Essenza, стручниот тим може да детектира дури и најмали промени во ткивата, овозможувајќи навремено планирање на терапијата и следење на ефективноста од третманот.

ЕХО дијагностика

ЕХО дијагностиката е неинвазивна, безбедна и безболна ултразвучна процедура која ни овозможува приказ на внатрешните органи во реално време.
Таа претставува прва линија во дијагностиката на голем број здравствени состојби, овозможувајќи ни брз увид во морфологијата и функционалноста на органите.

Прегледот е безбеден и тој е идеален за рутински превентивни прегледи како и за постојано следење на хронични состојби, овозможувајќи пациентот да се чувствува комотно и сигурно во текот на целиот процес.
Јави се
Локација
Пребарувај