Прашања за:

Компјутерска Томографија

Магнетна Резонанса

ЕХО Дијагностика

За Компјутерска Томографија (КТ)

Нашиот современ апарат овозможува детални прегледи со дози на зрачење кои се прифатени како референтни од релевантни меѓународни организации и здруженија

Самото снимање е исклучително кратко и трае од 15 до 90 секунди, зависно од регијата што се снима. Целата процедура (со подготовка) трае малку подолго.

Снимање на компјутерски томограф се препорачува во акутни состојби како што се мозочни удари и крварења, болки во граден кош, абдомен и мала карлица, воспаленија (бел дроб, слепо црево и сл.), откривање и следење на тумори на цело тело, повреди и скршеници на делови  на скелетот и состојба на крвните садови. Компјутерската томографија е опција за снимање на пациенти со пејсмејкер.

Снимањето на Компјутерски Томограф е пократко и широко прифатено од пациентите, а овозможува детален приказ на коскените ткива , калцификатите во организмот и приказ на целото тело на пресеци до 1 мм,  вклучувајки ги и крвните садови

Доколку за прегледот е неопходно аплицирање на контрастно средство, тогаш да не се консумира храна 2 до 3 часа пред снимањето. Дозволено е консумирање на течности.

Не. Единствената непријатност е што понекогаш е потребно да се аплицира контрастно средство во вена.

Пред почетокот на прегледот, задолжително информирајте нè доколку имате позната алергија на јодни контрастни средства или претходни реакции.

За Магнетна Резонанса (МР)

Магнетната резонанца користи магнетно поле и радиобранови кои немаат штетно дејство по човековото здравје.

Во зависност од видот, снимањето може да трае од 20 – 45 минути.

Снимањето на магнетна резонанца се препорачува за дијагностицирање на состојбата на меките ткива и зглобови (шака, лакт, рамо, колена, колкови), абдомен и мала карлица, мозок, р’бетен столб и р’бетен мозок.

Магнетната резонанца подобро ги разграничува меките ткива и не е штетен по човековото здравје, што овозможува често снимање, особено кај помладата популација.

Снимањето со магнетна резонанца не е болно, но може да биде бучно и единствената непријатност е што понекогаш е потребно да се аплицира контрастно средство во вена.

Само во исклучителни случаи, и по следење на одредени процедури, дозволена е придружба за време на снимањето со Магнетна Резонанца.

Бучавата е нормална појава при работата на градиентните калеми во магнетот. На пациентите им обезбедуваме заштитни слушалки кои ја неутрализираат бучавата и овозможуваат максимален комфор.

Задолжително е отстранување на сите метални предмети: накит, часовници, очила, протези, мобилни телефони и кредитни картички, бидејќи силното магнетно поле може да ги оштети или да создаде артефакти на снимката.

Вие сте под постојан аудио-визуелен надзор од нашиот персонал. Во раката држите сигурносно копче (сигнал) со кое во секое време можете да ја прекинете процедурата и да побарате помош.

  • Пациенти со вграден пејсмејкер(уред кој ја контролира работата на срцето)
  • Пациенти кои од било кои други причини не смеат да бидат изложени на магнетно поле

Бидејќи нема зрачење, прегледот на магнетна резонанца може да се повторува онолку често колку што е потребно за следење на вашата здравствена состојба или ефективноста на терапијата.

За ЕХО Дијагностика

ЕХО (ултразвучниот) преглед е целосно безбеден и неинвазивен. Користи звучни бранови со висока фреквенција и не емитува никакво зрачење, што го прави идеален за сите возрасни групи, вклучително и за трудници и деца.

  1. Зависи од регијата:
  • Абдомен: Се препорачува лесен оброк или пост 6 часа пред прегледот за да се избегнат гасови кои би ја попречиле сликата.
  • Карлица (уролошки): Потребно е да дојдете со полн мочен меур.
  • Останати прегледи: Не е потребна посебна подготовка.

Просечното времетраење на еден ултразвучен преглед е меѓу 15 и 30 минути, зависно од комплексноста на регијата што се испитува.

Прегледот е потполно безболен. Единственото чувство кое може да го имате е притисокот од сондата и чувството на ладен гел кој се нанесува на кожата за подобра спроводливост на звучните бранови.

Бидејќи нема зрачење, ЕХО прегледот може да се повторува онолку често колку што е потребно за следење на вашата здравствена состојба или ефективноста на терапијата.

Јави се
Локација
Пребарувај