За нас ПЗУ Мегамед Плус е приватна специјалистичка здравствена ординација по радиодијагностика, која успешно и посветено работи од 2008 година. Преку беспрекорен спој на врвна медицинска експертиза, искрено гостопримство и најсовремена технологија, нашите искусни радиолози и радиолошки технолози секојдневно се грижат за здравјето на пациентите. Обезбедуваме прецизни дијагностички прегледи, користејќи опрема која е неопходен услов за квалитетна и навремена дијагноза.
Нашата мисија Името Мегамед Плус е синоним за прецизно дијагностицирање и ефикасна здравствена заштита. Оваа цел ја остваруваме преку синергија на долгогодишното искуство на нашиот стручен тим и имплементацијата на најнапредните трендови во радиодијагностиката. Наши вредности Посветени на секој пациент поединечно
Пријатен, топол и гостопримлив амбиент
Љубезен и релаксирачки однос кон пациентите
Висока професионалност, апсолутна одговорност кон квалитетот, брзината и прецизноста на дадената услуга
Експедитивност во издавање резултати
Можност за комуницирање на повеќе јазици.
Сеопфатен пристап за ефикасно и точно дјагностицирање од искусен персонал
Тимска работа во решавање на комплексни дијагностики
Континуирана едукација
Примена на најновите светски иновации во радиодијагнистката
СТРУЧЕН ТИМ

Навремената и прецизно поставена дијагноза е еден од клучните фактори за откривање и успешно лечење на разни заболувања.

Од 2008 година, ПЗУ Мегамед Плус гордо чекори со еден од врвните Специјалисти Радиолози, Др. Ѓорѓи Дамјаноски Истакнат по своето знаење и посветеност, Др. Дамјаноски со своето 40 годишно искуство влева посебна доверба и спокој кај пациентите и нивните семејства.

Уште од своите студентски денови на Медицинскиот Факултет при Универзитетот Кирил и Методиј, Др. Дамјаноски се истакнал со своите знаења и способности што набргу придонеле да стане главен носител на Одделот за Неврорадиологија и Интервентна Радиологија. Својата понатамошна кариера ја усовршувал со учество и практична примена на своето знаење на клиники во Америка, Швајцарија, Јапонија, Шкотска, Холандија, итн.

Со Др. Дамјаноски, се чувствува највисокиот стандард на радиолошка дијагностика.
Др. Ѓорѓи Дамјаноски Специјалист Радиолог
Во чест на Специјалист Радиолог Заминувањето на д-р Душан Јовановски во јуни 2026 година претставува огромна загуба за ПЗУ Мегамед Плус.

Како истакнат специјалист радиолог со над четири децении професионална кариера, тој остави неизбришлив белег како врвен дијагностичар и човек со огромна емпатија.

Од 2010 година Др. Душан Јовановски го оплемени тимот на радиолози на ПЗУ Мегамед Плус.
Дипломира на Факултетот за Медицина при Универзитетот Кирил и Методиј. Во еден период од неговата богата кариера бил назначен за Спортски доктор на Националниот фудбалски тим каде истакнатите лидерски способности го водат до раководната позиција на ЈЗУ Кратово.
Посебното развиено чувство за тимска работа, ангажираноста во спортската медицина и преку 35 години искуство во радиологијата го издвојуваа Др. Јовановски како клучен столб на тимот на Мегамед Плус.

Со својот темелен пристап во радиодијагностиката, Др.Јовановски создаваше природно чувство на верба која беше сеопшто прифатена од пациентите.

ПЗУ Мегамед Плус имаше посебна чест и задоволство да се потпре на докторската величина која ја носеше Др. Душан Јовановски.
Др. Душан Јовановски
Др. Живана Стојкоска Специјалист Радиолог Од 2023 година, Др. Живана Стојкоска се приклучи кон тимот на специјалисти радиолози во Мегамед Плус.

Како член на помладата генерација на специјалисти радиолози, со своето знаење и умешност успешно ги воведе напредните трендови од радиодијагностиката во децениите искуство, задржувајки го високиот стандард на радио- дијагностика, цел која Мегамед Плус континуирано ја оддржува низ изминатите години.

Др. Живана Стојкоска, некогашен активен спортист, покажува посебен интерес за комплексните дијагнози поврзани со зглобовите и мускулните ткива.

По Дипломирањето на Медицинскиот Факултет при Универзитетот Кирил и Методиј се усовршува со учество на размена на искуства со Универзитетите во Белград и Истанбул. Благодарение на нејзините заслуги како активен спортист, во 2018 година е одбрана како член на Македонскиот Олимписки Комитет.

Истакната по својата емпатичност, Др. Стојкоска секогаш дава совети и објаснувања кои се лесно разбирливи за пациентите и нивните семејства.
Д-р Горан Спиров Специјалист по радиологија и Нуклеарна Медицна Др. Горан Спиров се вклучи во 2025 година и придонесе тимот на Мегамед Плус да биде во чекор со брзиот и иновативен напредок на технологијата во радио-дијагностиката и го прошири полето на делување со својата експертизата во нуклеарната медицина.

Со титула Доктор на Науки, Др. Горан Спиров има голем број на објавени научни трудови презентирани во разни списаниа и меѓународни академски собири. Десетина години обучувал студенти и специјализанти како Доцент на Медицискиот факултет при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“.

Своите вештини и знаење ги има стекнато во 14 години практична работа во радиодијагностиката и учество на бројни обуки и размена на искуства со клиники во Америка, Германија, Шпанија, Чешка, Сингапур, Италија, Турција, Бугарија, Словенија, Србија, итн.

Со својот благороден и срдечен пристап, Др. Горан Спиров покажува посебна грижа кон своите пациенти.
Александар Петровски Дипломиран радиолошки технолог Дипломираниот радиолошки технолот Алексaндар Петровски има преку 20 години искуство во работа со пациенти.
По дипломирањето на Медицинскиот факултет во Софија, го продолжува своето техничко усовршување преку редовно учество на обуки организирани од домашни и странски експерти во надградување на процедурите за снимање на магнетна резонанца и компјутерска томографија.
Мегамед Плус е горд што во својот тим го има Александар Петровски од 2019 година.
Кирил Петрушев Дипломиран радиолошки технолог Дипломираниот радиолошки технолот Кирил Петрушев има преку 10 години искуство во работа со пациенти.

По дипломирањето на Медицинскиот факултет при Универзитетот “Кирил и Методиј“ во Скопје, своето техничко усовршување го продолжува преку редовно учество на обуки организирани од домашни и странски експерти во надградување на процедурите за снимање на магнетна резонанца и компјутерска томографија.

Мегамед Плус е горд што во својот тим го има Кирил Петрушев од 2020 година.
НАШИОТ СТРУЧЕН ТИМ Столбот на Мегамед Плус е нашиот стручен тим, составен од извонредни специјалисти радиолози и дипломирани радиолошки технолози, кои своето високо образование го стекнале кај најистакнатите медицински авторитети.
Нивното практично искуство е потврдено со бројни домашни и меѓународни признанија, како и преку активно учество и презентирање на стручни трудови на конгреси од областа на радиологијата.
Д-р Ѓорѓи Дамјаноски
Специјалист по радиологија
Д-р Душан Јовановски
Специјалист по радиологија
Д-р Живана Стојкоска
Специјалист по радиологија
Д-р Горан Спиров
Специјалист по радиологија
Александар Петровски
Дипломиран радиолошки технолог
Кирил Петрушев
Дипломиран радиолошки технолог In memoriam Високиот стандард во радиодијагностиката е процес во кои важна улога имаат радиолошките технолози кој ја спроведуваат подготовката и снимањето на пациентот. Во Мегамед Плус радиолошките технолози посветуваат големо внимание на конфортот и сигурноста на пациентите. Тоа се постигнува преку непосредна комуникација со пациентите на кои им се пренесуваат клучните информации за процесот на снимањето. Како резултат на тоа, пациентите се правилно информирани, се чувствуаат спокојно и безбедно кое придонесува за добивање на максимално прецизни и квалитетни прикази.
Јави се
Локација
Пребарувај