0
+
Години искуство
0
+
Успешни дијагнози
0
+
Јазици на комуникација
секој пациент
Благодарам за високата професионалност, експедитивност и длабока стручност на целиот тим на Мегамед Плус, во кои ниту еден момент јас и моето семејство не се посомневавме.
Од мое име ви заблагодарувам и воедно сум среќен што имаме во Македонија институција со високи стандарди со кои сум уверен низ времето позитивно ќе пулсира и влијае на целиот здравствен систем.”
Јас би сакала да ви се заблагодарам за одличната подршка и услуга која ја искусив во последните две години (истовремено оставив рецензија на Google).
Прекрасни сте цела екипа. Од рецепција, до прием за скенирање и најважно разбирање на резултатите.
Мислам дека сте едно среќно и професионално семејство, што покажува колку е здрава и силна вашата компанија.
Продолжете се прекрасната работа
Медицинскиот и административниот персонал ја извршуваат својата работа стручно, професионално, со љубезен и воедно релаксирачки однос кон пациентите.
Секоја пофалба и почит
Да сте живи и здрави сите и така да продолжите.
Се најубаво, СРЕЌНО
Исто имам слушнато и за докторот Дамјаноски и за сите вработени дека се одлични.
Браво за целиот тим !
Продолжете така! Секако ќе дојдеме пак.
Со почит
Благодарам
Неколку пати оваа година доаѓам во Вашата клиника, но неможам да останам индиферентна на она што го видов и доживеав.
Најнапред сакам да кажам пофални зборови за Др. Дамјаноски кој е одличен стручњак но и прекрасен човек. Ова не е само мислење на моето семејство и нашите пријатели, но и мислење на неговите колеги скоро од сите клиники (особено приватните)
Од се срце му благодариме нему, но и на оние што ја создале клиниката Мегамед.
Исто така голема благодарност и пофалба до сестрите кои се толку љубезни и културни да човек заборава дека е во клиника и дека е болен.
Се гордеам што во Македонија има такви прекрасни луѓе кои си ја сакаат работата и луѓето.
Со почит.
Крајна благодарност.
Со почит,
Би благодариме за професионалната услуга, од помошен персонал, доктори до современата апаратура.
После број години се чувствувам достоинственово улогата на пациент. Вашата посветеност, професионалност и брзо работење ги донесоа посакуваните резултати.
Ви благодарам од срце.
Со почит,
Имам направено повеќе снимања кај нив и секој пат сум била исклучително задоволна од целокупната услуга.
Од самиот прием, љубезните и насмеани лица на пултот прават да се чувствувате доредојдени, а целиот тим работи професионално, организирано и со искрена грижа кон пациентите.
Снимањата се изведуваат од врвни професионалци кои одвојуваат време да објаснат се и да создадат чувство на доверба и сигурност. Др-Дамјаноски и за мој многу голем жал, веќе покојниот Др-Дуле сум им бескрајно благодарна за професионалноста, посветеноста и човечкиот пристап.
Должам живот, Ретко се среќава место каде сигурноста и љубезноста одат рака под рака.
Секоја препорака!